Оброк кој буквално секој може да го направи: Рецепт за кремаста алфредо паста

Оброк кој буквално секој може да го направи: Рецепт за кремаста алфредо паста

Наједноставната богата паста која сите ја обожаваат.

Состојки:

  • 400 гр пене тестенини
  • 600 гр пилешки гради
  • 1 лажица путер или маргарин
  • оригано
  • босилек
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • пармезан

Состојки за сос:

  • 2 лажици путер или маргарин
  • 4 чешниња лук
  • 3 лажици брашно
  • 450 мл млеко
  • оригано
  • босилек
  • пармезан
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги тестенините по упатството на кесичката. 
  2. Растопете путер на средна температура па додајте исечкани пилешки гради. Зачинете со сол, бибер, оригано и босилек. Гответе 8-10 минути додека пилешкото не биде готово. Извадете го од тава. 
  3. Во истата тава направете сос. Ставете повторно путер па додајте иситнет лук. Гответе додека лукот не омекне. Додајте половина од брашното па измешајте па додајте ја и другата половина. Додајте млеко постепено со постојано мешање додека сосот не почне да згуснува. 
  4. Додајте сол, бибер, оригано, босилек па измешајте. Ставете пармезан и мешајте додека не се растопи. 
  5. Ставете го сосот преку макароните, додајте пилешко и добро измешајте. Посипете со магдонос и пармезан.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text