Готов за миг: Колач идеален за почетници, а вкусот е неверојатен

Готов за миг: Колач идеален за почетници, а вкусот е неверојатен

Брз колач кој секогаш ќе го правите, а совршен е со кафе…

Состојки за кора:

  • 5 јајца
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 250 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2,5 лажици какао

Состојки за фил:

  • 1 л млеко
  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 6 лажици шеќер
  • 500 гр кисела павлака Пекабела
  • 5 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Згответе го пудингот и оставете да се излади. Разматете кора од наведените состојки. Смесата ставете ја во плех обложен со хартија.
  2. Со лажица вадете го пудингот и ставајте го преку масата. Печете на 180 степени околу 40 минути.
  3. Додека кората се пече разматете кисела павлака со шеќер.
  4. Десет минути пред крајот од печењето извадете го колачот од рерна и ставете разматена павлака со шеќер.
  5. Изладете го колачот, исечете го на коцки и послужете го со кафе.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text