Брзи интегрални стапчиња – Три плеха од една смеса

Брзи интегрални стапчиња – Три плеха од една смеса

Направете вкусни интегрални стапчиња како мезе.

Состојки:

  • 400 гр. маргарин
  • 300 гр. павлака
  • 2 лажици сол
  • 200 гр. интегрално брашно
  • 450 гр. брашно топ 400
  • 10 гр. прашок за пециво
  • 1 јајце за горе
  • сусам и сол

Подготовка:

  1. Се топи маргаринот и се мешаат интегралното брашно со павлака и сол, па се става оладениот маргарин во нив и пола бело брашно, па се мати со лажица.
  2. Се додава остатокот брашно и прашок за пециво, па се меси тесто.
  3. Се остава во ладилник половина час.
  4. Се загрева рерна на 200 степени, се развлекува тестото и се сечат траки.
  5. Се редат на подмачкан плех и се премачкуваат со јајце, се става сусам и сол.
  6. Се печат 20 минути.
  7. Од една мерка се добиваат два ипол плеха.

Добар апетит!

 

 

singlepost_text