Говедска плескавица

Говедска плескавица

Вкусни говедски плескавици кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 500 гр мелено говедско месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици сушен магдонос
  • 2 лажици пасиран домат
  • 1 белка

Начин на подготовка:

  1. Кромидот изрендајте го, односно изгмечете го, па во голем сад со вилушка измешајте ги сите состојки. Смесата обликувајте ја во четири плескавици со дебелина од околу 2 см. 
  2. Печете ги 5-6 минути од секоја страна. Ставете ги плескавиците на загреано печиво, прекријте со салата и домат и зачинете со сенф или кечап.

Добар апетит!

 

singlepost_text