За велигденскиот пост: Брзи посни переци

За велигденскиот пост: Брзи посни переци

Направете посен појадок и мезе, переци на стар начин.

Состојки:

  • 800 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 шолјички масло
  • 1 лажиче сол
  • ½ л. млака вода
  • сусам

Подготовка:

  1. Се става квасец во малку млака вода со шеќер и се остава да нарасне.
  2. Се замесува со две шолји масло и сол, вода и брашно.
  3. Се обработува тестото.
  4. Се остава на топло да нарасне.
  5. Се прават переци и се става сусам горе, па се печат на 200 степени додека не поруменат.

Добар апетит!