Повкусни од кифлички: Лажни кроасани од кои ќе мириса цело маало

Повкусни од кифлички: Лажни кроасани од кои ќе мириса цело маало

Направете вкусни лажни кроасани.

Состојки:

  • 40 гр. квасец
  • 400 мл. млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 50 мл. масло
  • 500 гр. брашно тип 400
  • 200 гр. меко брашно
  • 200 гр. маргарин
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се става маргаринот во ладилник, а млекото се загрева да е топло, се додава квасецот со шеќер и лажица брашно и се остава да нарасне.
  2. Се додава острото брашно, се меша, се додава масло и сол.
  3. Се меси тесто. Се додава остатокот од брашното додека месите.
  4. Се прелива со лажица масло, се прави топла и се остава да нарасне 45. минути.
  5. Се размесува и се прави правоаголник, па се ренда маргарин на цел правоаголник, се сече на 4 дела и се остава уште дваесетина минути со крпа.
  6. Се сечат од секој дел кој се премесува триаголници и се виткаат кроасани, се ставаат на плех со хартија  и се мачкаат со јајце, а горе ставете сусам или нешто по желба.
  7. Се пече на 220 степени додека не поруменат, околу 20 минути.

Добар апетит!

singlepost_text