Брзи панцероти од рерна – Нема пржење и многу маснотија

Брзи панцероти од рерна – Нема пржење и многу маснотија

Направете вкусни панцероти од рерна.

Состојки:

  • 1 дл. млака вода
  • 1 дл. млеко
  • 1 дл. јогурт
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 лажици сол
  • 1 кесе квасец
  • 4 лажици масло
  • 2 јајца
  • брашно по потреба

Фил по избор:

  • кечап
  • шунка
  • кашкавал
  • маслинки
  • шампињони
  • оригано

Подготовка:

  1. Се меси тесто од сите состојки за тесто и се става брашно за да се замеси, со рака ќе видите колку е доволно.
  2. Се остава да нарасне.
  3. Се премесува тестото и се земаат топчиња од него, се развлекуваат малку и се става фил.
  4. Се замотуваат како панцероти и се ставаат на плех со хартија.
  5. Се печат на 200 степени додека не поруменат убаво.

 

Добар апетит!

 

 

 

singlepost_text