Повкусни од мафини, мекици и уштипци: Солени бели коцки за 20 минути

Повкусни од мафини, мекици и уштипци: Солени бели коцки за 20 минути

Направете солени коцки кои мамат со вкусот и мирисот.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 500 мл. млеко
  • 80 гр. маргарин
  • 80 гр. брашно
  • 100 гр. обарен грашок
  • 100 гр. обарена пченка
  • 100 гр. кисели краставички
  • 100 гр. црвени пиперки 
  • 300 гр. сирење
  • 200 гр. кисела павлака
  • 200 гр. рендан кашкавал
  • кисела павлака

Подготовка:

  1. Се вари млеко со маргарин и со мешање се оддава брашно, па се вари смесата за кора додека не згусне.
  2. Се матат и белките пенасто.
  3. Се додаваат во оладената смеса едно по едно јајца, па белките и на крај обарениот зеленчук, и сечената пиперка.
  4. Се става на плех смесата со хартија за печење и се пече на загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  5. Се лади печената кора, па се матат сирење, павлака и кашкавал.
  6. Се премачкува кората и се остава да се лади.
  7. Се сече на коцки.
  8. Се декорира горе со павлака и се служи.

singlepost_text