Кокос гнезда – ситни колачиња полни еурокрем

Кокос гнезда – ситни колачиња полни еурокрем

Направете вкусен десерт со еурокрем.

Состојки:

  • 200 гр. шеќер
  • 2 дл. вода
  • 100 гр. чоколадо
  • 100 гр. маргарин
  • 300 гр. мелени бисквити
  • 140 гр. кокос
  • 150 гр. еурокрем

Подготовка:

  1. Се става вода со шеќер да врие на оган и се трга потоа од оган, се става скршено чоколадо и маргарин и се меша да се растопи.
  2. Се додаваат мелени бисквити и100 грама кокос, па се меша и се прават топчиња како орев.
  3. Се прави мала вдлабнатина на средина и се полнат со еурокрем.

Уживајте!