Ви се пријаде благо по работа? – Брз чоколаден колач

Ви се пријаде благо по работа? – Брз чоколаден колач

Кога ќе ви се јаде нешто вкусно и чоколадно, ова е брз десерт за вас.

Состојки:

  • 1 ½ шолји брашно
  • 1 шолја шеќер
  • 6 лажици какао
  • 1 лажичка сода
  • ½ лажички сол
  • 1 шолја ладна вода
  • ½ шолји масло
  • 1 лажица оцет бел
  • 1 лажичка екстракт ванила
  • чоколадо за глазура

 

Подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180 степени и се користи округол калап за торта.
  2. Се матат брашно со шеќер, какао, сода и сол.
  3. Се додаваат и влажните состојки.
  4. Се мати да се спои се.
  5. Се пече 30 минути додека не биде сув колачот и не излезе чепкалката сува.
  6. Горе декорирајте по желба.

Уживајте!

 

singlepost_text