Мека и мирисна: Домашна штрудла со сирење (Видео)

Мека и мирисна: Домашна штрудла со сирење (Видео)

Рецепт за мека штрудла со сирење која се топи под прстите.

Состојки:

  • 900 гр брашно + 100 гр за работната површина
  • 40 гр свеж квасец или 10 гр сув
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл млака вода
  • 150 мл масло
  • 3 јајца (2 жолчки за тестото, белки за филот, 1 јајце за преемачкување)
  • 2 лажички шеќер
  • 1,5 лажичка сол
  • 100 гр сусам
  • 150 гр маргарин
  • 300 гр ситно сирење

Начин на подготовка:

  1. Квасецот измешајте го со млака вода и шеќер, додајте ги останатите течни состојки, јогурт, масло, жолчки. 
  2. Замесете глатко тесто, замесено намастете го со лажица масло па оставете да се подигне околу еден час. 
  3. Сирењето измешајте го со белки, ако е потребно посолете. 
  4. Надојденото тесто премесете го и поделете го на две или три штрудли, развлечете, филувајте и замотајте. 
  5. Премачкајте со разматено јајце и богато посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути или додека не видите дека порумениле. Извадете од рерна и на врелите штрудли ставете исечкан маргарин, вратете во рерна на уште десетина минути. Оставете малку да се изладат па сечете и уживајте во меките залаци.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text