Прсти да излижеш: Пилешко филе во крцкава кора

Прсти да излижеш: Пилешко филе во крцкава кора

Вкусно пилешко месо во крцкава кора – јадење кое ќе го правите постојано.

Состојки:

  • 400 гр пилешко филе
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици презла
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 2 јајца
  • 150 гр корнфлекс
  • малку сув зачин
  • сончогледово масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото филе исечкајте го на парчиња со големина на залаци. Корнфлексот издробете го, па измешајте го со презла и црвена пипер. Парчињата пилешко посолете ги и побиберете ги, извалкајте ги прво во брашно, па во разматени јајца и на крај во смеса од корнфлекс. 
  2. Пржете на тава во загреано масло додека месото не добие убава боја и крцкава кора, па послужете додека е топло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text