Нова песок торта која ги освојува сите што ќе ја пробаат

Нова песок торта која ги освојува сите што ќе ја пробаат

Брза и едноставна песок торта!

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 250 гр шеќер
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 1 чоколадо за готвење
  • 200 гр мелени лешници
  • 200 гр кокос
  • 200 гр мелени бисквити
  • 1 пакување бисквити
  • 2 кесички шлаг пена
  • 250 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Пудингот разматете го со малку млеко, а останатото млеко ставете го со шеќер да зоврие па додајте разматен пудинг. Гответе додека не згусне. Кога филот ќе се излади додајте му ванилин шеќер и маргарин, па поделете ја смесата на 3 еднакви дела. 
  2. Во првиот дел додајте растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити. 
  3. Редете ред бисквити – фил со чоколадо и лешници, ред бисквити – фил со бисквити, ред бисквити – фил со кокос, ред бисквити и на крај украсете со шлаг.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text