Повкусно од похован кашкавал и зденки: Похована фета со мед и сусам

Повкусно од похован кашкавал и зденки: Похована фета со мед и сусам

Направете нешто што е рај за сите сетила, похована фета со мед и сусам.

Состојки:

  • 250 гр. фета
  • 2 јајца
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче бибер
  • 100 гр. брашно
  • 100 гр. сусам
  • 4 лажици мед

Подготовка:

  1. Се цеди фетата и се брише, па се сечат парчиња најуредно што можете.
  2. Се матат јајцата и се става во друг сад брашното со црвен пипер и бибер, па во трет сад сусам.
  3. Се валка фетата во јајце, брашно па сусам и се прави така со сите парчиња.
  4. Се пржи на масло од двете страни, па се цедат парчињата на салфета.
  5. Додека се топли прелијте ги со мед.

Добар апетит!

 

singlepost_text