Доручек или вечера: Направете канелоне

Доручек или вечера: Направете канелоне

Вкусна пита на малку поинаков начин…

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • мешавина од зачини
  • сол
  • бибер
  • 1 дл кечап
  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 100 гр кашкавал
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид, изрендан морков, па додајте мелено месо. Сè заедно динстајте додека месото не се испржи до половина. Зачинете по вкус, додајте кечап и сè добро измешајте. 
  2. Корите поделете ги долж така што од една се добиваат две кори. На средина од секоја кора ставете фил, секоја преклопете ја од двете страни кон средина и свиткајте. Добиените канелони наредете ги во намастен плех. Прелијте ги со разматена смеса од јајца и кисела павлака и посипете со изрендан кашкавал. Канелоните печете ги во рерна на 200 степени 35-40 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text