Гулаш од ребра

Гулаш од ребра

Ручек за гурмани – вкусен гулаш од ребра…

Состојки:

  • 1 кг јунешки ребра
  • 1 кг компири
  • говедски бујон
  • 2 главици ситно сечкан кромид
  • 1 рендан морков
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 л црно вино
  • 1 дл маслиново масло
  • 2 лажички шафран
  • 2 лажици слатка мелена пипер
  • 5 листови ловор
  • 3 лажици доматен концентрат
  • 3 лажици свежо сечкан магдонос
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ребрата исечкајте ги на парчиња. Кромидот и морковот динстајте ги на маслиново масло 20 минути додека не омекнат. Потоа ставете ребра и динстајте 15 минути. 
  2. Додајте говедски бујон, пипер, лук, шафран, ловор, доматен концентрат, сенф, шеќер и црно вино. Гответе на слаб оган 20 минути. Додајте компири. Ставете капак и гответе на слаб оган 2 часа. 10 минути пред крајот на готвењето додајте магдонос, сол и бибер.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text