Слатки залаци: Панакота со малини

Слатки залаци: Панакота со малини

Еден од омилените десерти за кој не е потребно печење…

Состојки:

  • 1 л слатка павлака за готвење
  • 170 гр шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 12 листови желатин
  • 250 гр смрзнати малини
  • 3 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте слатка павлака, додајте шеќер, цимет и екстракт од ванила. Листовите желатин прелијте ги со вода и оставете да отстојат пет минути. Кога желатинот ќе биде подготвен, измешајте го со слатка павлака. Ставете ја смесата во калапи и почекајте да се изладат, а потоа ставете ги на 3 часа во фрижидер. 
  2. За преливот згответе малини и шеќер. Кога ќе биде готов, изладете го, па прелијте преку панакотите и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text