Милка принцези – најубавите принцес крофни

Милка принцези – најубавите принцес крофни

Направете милка принцези – крофни на кои им нема замена.

Состојки:

  • 5 јајца А класа
  • 250 мл. вода
  • 125 мл. масло
  • 150 гр. брашно
  • малку сол
  • 3 лажички шеќер

 

Фил:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 лажица брашно
  • 1 л. млеко
  • 250 гр. шеќер
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • пола маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 100 гр. милка млечно за прелив
  • 3 лажици масло за прелив

Подготовка:

  1. Се кршат јајцата. Во сад се ставаат на рингла со водата, масло, сол и шеќер, па се оставаат да провријат, а потоа се трга од рингла и се додава брашно.
  2. Се меша да се добие густо тесто.
  3. Се остава половина час да се лади, а потоа се додаваат јајцата постепено и се меша.
  4. Се добива густа и сјајна смеса.
  5. Се загрева рерната на 200 степени и се става плех со хартија, се вади од смесата од лажички и се прават топчиња, па се печат 40 минути.
  6. Се Става 800 милилитри млеко во шерпа со шеќер, па се разматуваат во 200 милилитри млеко пудинзите, брашно и 1 ванилин шеќер. Се ставаат кога млекото ќе зоврие.
  7. Се покрива филот со проѕирна фолија да се лади за да не фати кора.
  8. Се меша маргаринот со шеќерот во прав и едно кесе ванила и се соединува со кремот.
  9. Се сечат на пола крофните, се става фил и се затвараат.
  10. Се топи милка со масло и се става горе.

singlepost_text