Лесен оброк во кој ќе уживате…
Состојки:
- 1 шолја пченкарно брашно
- 1 шолја пченично брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 3 јајца
- 1/2 шолја масло
- 1/2 шолја блитва
- 200 гр сирење или кајмак
- сол по вкус
- рендан кашкавал за украсување
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за печиво, јајца и масло. Сварете блитва, исцедете и исечкајте и додајте ја во тестото заедно со изгмечено сирење.
- Намастете плех, ставете го тестото и испечете во загреана рерна околу половина час. Уште врелата торта посипете ја со рендан кашкавал.
Добар апетит!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Прочитај повеќе кулинарски совети и трикови ТУКА
Помоќен од вијагра и афродизијак: Две состојки за да бидете ѕвер во кревет
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт