Котлети во сос од павлака и лук

Котлети во сос од павлака и лук

Вкусен ручек кој брзо се подготвува…

Состојки:

  • 3 котлети
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици кисела павлака
  • 4 чешниња лук
  • сол
  • зачин
  • мелен бибер
  • магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Котлетите исчукајте ги и посолете ги. Ставете ги во тенџере, додајте малку вода и масло и динстајте на тивок оган околу 30 минути. Кога водата ќе испари, запечете ги. 
  2. Извадете ги котлетите и сочувајте ја маснотијата во која се пржеле. Во таа маснотија додајте павлака, малку вода па добро изедначете. 
  3. Во тенџерето во кое го пржевте месото налијте околу 50 мл масло, па тука пропржете брашно и додајте издробен лук, а потоа и него пропржете го. 
  4. На крај додајте разматена павлака. Додајте уште вода и направете редок сос. Малку згответе па ставете го месото. Зачинете , оставете две минути на оган и на крај додајте сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text