Освежувачко, вкусно и заситува: Салата со туна и марула

Освежувачко, вкусно и заситува: Салата со туна и марула

Направете вкусна салата со туна и марула.

Состојки:

  • 2-3 листа марула
  • 100 гр. туна
  • 50 гр. леблебија
  • 7 маслинки
  • маслиново масло
  • сол
  • сок од лимон

 

Подготовка:

  1. Се мие и се сече марулата, се става во сад со леблебијата и туната од конзерва.
  2. Се сечат маслинките и се додаваат.
  3. Се става сол, маслиново масло и сок од лимон, се меша и јаде.
  4. Може да си додадете и намирници по избор.

Добар апетит!

singlepost_text