Уште денес можност за уписи за курсевите по германски јазик во Гете-институт

Уште денес можност за уписи за курсевите по германски јазик во Гете-институт

Корисна информација за сите кои сакаат да го научат германскиот јазик и да студираат, работат или живеат во Германија е дека уште денес, 31.01.2019 година траат уписите во Гете-институт Скопје за изучување на германски јазик на сите нивоа.

Курсевите се екстензивни или интензивни, а за оние кои работат се одржуваат и викенд курсеви. Наставата се одвива со висококвалификувани професори кои го владеат германскиот како мајчин јазик.

Процесот на настава се одвива во мали групи од 6 до 16 слушатели. Таа е современа, интерактивна, ориентирана кон потребите на кандидатот и го поттикнува самостојното учење. Училниците се опремени со интерактивни табли, а за потребите на наставата кандидатите имаат на располагање iPad.

Јазичните сертификати на Гете-институт се признати во светски размери, а во образовните институции и економските претприемништва на многу земји се прифатени како стандард. Овие сертификати Ви се потребни како доказ за познавање на јазикот за вработување, како и за студирање, живеење или дозвола за престој во земјите од германското јазично подрачје.

Инаку, Гете-институт повеќе од 60 години нуди најголем број курсеви по германски јазик на светско ниво. Околу 200 илјади слушатели секоја година учат германски јазик на сите нивоа во повеќе од 160 Гете-институти во странство, како и во 13 институти во Германија.

За повеќе информации посетете ја веб страната на Гете-институт Скопје: www.goethe.de/skopje или контактирајте ги на телефонскиот број +389 2 3121 604.