По напорниот работен ден: Тортиљи кога немате многу време

По напорниот работен ден: Тортиљи кога немате многу време

Оброк за деновите кога немате многу време.

Состојки:

  • 8 тортиљи
  • 500 гр. мелено месо
  • 2 кромиди
  • 400 гр. доматно пире
  • 1 конзерва пченка
  • 1 конзерва црвен грав
  • 1 црвена пиперка и 1 зелена пиперка

Подготовка:

  1. Се сече ситно кромидот и се пржи на масло со меленото месо, па се става доматното пире кога месото ќе зарумени, се додаваат сечените пиперки и две шолји вода.
  2. Се ставаат зачини, чили, се динста уште кратко и се додаваат пченката сцедена со црвениот грав и се трга тавата.
  3. Се полнат тортиљите со филот и се замотуваат.

singlepost_text