Пилешко со павлака – сочно и вкусно месо + трик како никогаш да не загори

Пилешко со павлака – сочно и вкусно месо + трик како никогаш да не загори

Супер идеја за брз и кремав ручек, кој супер оди со компир, пире или варен зеленчук.

Состојки:

  • 6 пилешки карабатаци
  • 2 павлаки
  • 500 мл. неутрална павлака
  • 1 пилешка крем супа

Подготовка:

  1. Се мијат карабатаците и се валкаат во супата во прав, па се ставаат во тавче.
  2. Се мешаат павлаките и се ставаат врз месото.
  3. Треба да биде рамномерно распоредена павлаката.
  4. Се пече 90 минути на 180 степени со капак, а половина час пред да е готово се трга капакот.

Добар апетит!