Полнети поховани пиперки – тече кашкавал и печеница

Полнети поховани пиперки – тече кашкавал и печеница

Направете вкусни поховани пиперки со богат фил.

Состојки:

  • 12 излупени печени пиперки
  • 12 парчиња кашкавал
  • 12 парчиња печеница
  • 4 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 2 лажици презла
  • сол и масло

Подготовка:

  1. Се лупат пиперките, им се тргаат дршките и семките.
  2. Се става кашкавал и печеница каде од местото каде биле дршките, па се валкаат вака полнетите пиперки во брашно и јајца со сол.
  3. Се валкаат уште еднаш во брашно и јајца, па презла и се пржат на масло.