Ќофтиња од блитва – не се од месо но ќе се изненадите колку се добри

Ќофтиња од блитва – не се од месо но ќе се изненадите колку се добри

Направете вкусно, лесно и брзо јадење, може да служи како главно јадење, предјадење или прилог со салата.

Состојки:

  • 1 кг. блитва
  • 11 чешне лук
  • 100 гр. сирење
  • 2 лажици рендан кашкавал
  • 100 гр. презла
  • 2 јајца
  • брашно по потреба

Подготовка:

  1. Се мие и се вари блитвата во солена вода, се цеди и се ситни, па се става во сад со јајце, кашкавал и сирење, зачини, ситно сечен лук.
  2. Се става презла и се прават ќофтиња.
  3. Се валкаат во преостанатото јајце, презла и брашно.
  4. Се пржат на тава со масло.

 

 

 

singlepost_text