Видео рецепт: Суфле палачинки – милиони полудеа по нив, меки како перничиња

Видео рецепт: Суфле палачинки – милиони полудеа по нив, меки како перничиња

Направете суфле палачинки кои се толку меки и вкусни што ќе полудите по нив.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 200 мл. млеко
  • екстракт ванила
  • 200 гр. брашно
  • ½ лажици прашок за пециво
  • 1 белка
  • 150 гр. шеќер

Подготовка:

  1. Се делат белките и жолчките, па се ставаат белките во ладилник кратко.
  2. Се матат жолчките со млеко и брашно со прашок за пециво, а потоа се матат одделно речиси замрзнатите белки со шеќерот.
  3. Се додаваат кај жолчките и се мати се.
  4. Се загрева тава и се става од смесата со кутлача.Тргнете ја тавата со масло кога ќе ставате од смесата, па потоа вратете ја. Направете дебела палачинка.
  5. Се печат на ниска температура додека не станат златни, па се превртуваат.
  6. ВАЖНО: Оваа смеса лесно загорува, па важно е да се прават на пониска температура. Не ставајте повеќе брашно од напишаното и белките добро нека бидат изматени.

Ова е деталната подготовка:

 

 

singlepost_text