Млечни солени кифли – многу од една смеса

Млечни солени кифли – многу од една смеса

Направете брз појадок за сите сетила.

Состојки:

  • 1 квасец
  • ½ дл. вода млака
  • 2,5 дл. млеко
  • 600 гр. брашно
  • 100 гр. маргарин
  • 1 лажиче сол
  • малку шеќер
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Се топи маргарин во млеко и се топи квасецот во млака вода.
  2. Се мешаат брашно со шеќер и сол, јајце и квасецот, млеко и маргарин.
  3. Се мати додека не се соедини добро.
  4. Ќе се добие меко тесто.
  5. Се покрива со крпа  и се остава еден час.
  6. Се премесува, се дели на 10-12 топки и се развлекуваат, па се прават ролни и се редат на плех да нараснат.
  7. Се премачкуваат со ладно млеко во кое сте разматиле една жолчка.
  8. Печете на 220 степени десетина минути.

singlepost_text