Повкусни од палачинки – тесто со меурчиња

Повкусни од палачинки – тесто со меурчиња

Направете еден посебен појадок на вашето мени. Нешто повкусно и од палачинки.

Состојки:

  • 1,3 л. вода
  • 2-3 лажици масло
  • 1 лажица оцет
  • малку сода
  • 1 лажиче шеќер
  • 42 гр. квасец
  • 2 лажици сол
  • 200 гр. маргарин за премачкување
  • брашно како за палачинки

Подготовка:

  1. Се ставаат во топлата вода сите состојки и се меша.
  2. Треба да се добие густина како за палачинки, па се затвара садот каде стои и се остава еден час на топло.
  3. Нараснува многу, затоа ставете го во голем сад.
  4. Се меша смесата потоа, па во тава со масло се става по една кутлача од смесата.
  5. Се пече од двете страни додека не се направат меурчиња.
  6. Така се прави со сите, па се премачкуваат со маргарин, а може да си ставите и кашкавал, сирење, павлака…

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text