Брз колач: Лесен десерт за добро друштво (Видео)

Брз колач: Лесен десерт за добро друштво (Видео)

Брз, лесен и вкусен колач по оригинален рецепт…

Состојки:

  • 2 пакувања пишкоти
  • 2 пудинга од ванила или карамела
  • 100-150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 500 мл вода
  • 600 гр исчистени јаболка
  • 1 коцка путер
  • малку цимет

Начин на подготовка:

  1. Помала четвртаста чинија обложете со фолија па на дното наредете пишкоти. Јаболката исчистете ги и исечкајте ги на листови. Додајте шеќер, цимет, коцка путер и ванилин шеќер и гответе околу 15 минути да омекнат.
  2. Во малку вода разматете пудинг па додајте го во јаболката. Преку наредените пишкоти ставете половина од јаболката и израмнете. Од горе наредете пишкоти и остатокот од јаболката и распоредете. Преку повторно наредете пишкоти. Оставете на ладно, па свртете на послужавник и од горе додајте шлаг или чоколаден прелив. Добро изладете и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text