Супер брз ручек: Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака (Видео)

Супер брз ручек: Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака (Видео)

Кремасто пилешко месо кое се топи во уста…

Состојки:

  • 300-400 гр пилешко бело месо
  • 50 гр растопен маргарин
  • 5 лажици павлака
  • 1 лажица презла
  • 3 чешниња лук
  • варени компири
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • зачин по желба

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли. Посолете го со вегета или сол. Добро истријте за шницлите да впијат. По вкус можете да ставите и бибер да добие поубав вкус. 
  2. Земете огноотпорен сад и во него на дното наредете компири кои претходно сте ги излупиле и исекле на парчиња. Потоа малку посолете и зачинете со вегета. Од горе редете бело месо кое сте го потопиле во растопен маргарин. 
  3. Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, бибер и лук. Тоа убаво измешајте го и ставете преку пилешкото. 
  4. Кога сте ја истрошиле павлаката убаво размачкајте и јадењето е спремно за печење. На почеток ставете фолија преку садот. 
  5. Нека се пече околу 30 минути. Пред крајот од печењето тргнете ја.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Адријана Николиќ“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text