Посна Мимоза во слоеви

Посна Мимоза во слоеви

Направете посна мимоза салата.

Состојки:

  • 300 гр. посен мајонез
  • 2 варени компири
  • 1 рака сечен праз
  • 3 варени моркови
  • 1 чешне лук
  • 300 гр. зелка
  • масло, оцет, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се земаат три чинии.
  2. Се сече варениот компир во првата чинија на коцки, се сече и празот тука и се ставаат зачини масло и оцет.
  3. Се ставаат во втора чинија сечени варени моркови, лук и зачини, оцет и масло.
  4. Во третата чинија се става рендана зелка, масло со оцет и сол.
  5. Се зема длабок сад и се реди 100 грама мајонез, под него компир, па морков, 100 грама мајонез, зелка и 100 грама мајонез.
  6. Се служи.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб