Бурек ролнички кои се пржат – готови се за 15 минути

Бурек ролнички кои се пржат – готови се за 15 минути

Направете посебен бурек на алжирски начин.

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 1 главица кромид сечен
  • 1 кг. говедско мелено месо
  • 1 лажиче сол и ½  лажиче бибер
  • пола маргарин
  • 1 пакување кори за пита
  • 1 лимон

Подготовка:

  1. Се загрева масло на тава и се става ситно сечениот кромид, се динста и се става меленото месо со зачините кога ќе омекне кромидот. Се пржи додека месото не биде потполно готово и не добие убава боја.
  2. Се земаат две кори и се става фил, па се витка ролна. Се стегаат краевите да не тече смесата.
  3. Се пржат на масло додека не станат златни.
  4. Се премачкуваат додека се топли со маргарин и неколку капки лимонов сок.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб