Тесто без квасец и млеко – појадок, вечера или ужина

Тесто без квасец и млеко – појадок, вечера или ужина

Направете совршено тесто без квасец и млеко, идеално за појадок, вечера или ужина.

Состојки:

  • 750 гр. брашно тип 400
  • 500 гр. кисела павлака
  • 1,5 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 гр. маргарин
  • 2 кеси прашок за пециво
  • 3 јајца
  • 200 гр. пилешка салама
  • 250 гр. кашкавал
  • 100 гр. кечап
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка:

  1. Се става павлаката во сад со сол и шеќер, јајца и се добро се мати со жица.
  2. Се додава омекнат маргарин и прашок за пециво, па се додава и брашното постепено.
  3. Се мести тесто и се остава да нарасне 20 минути.
  4. Се дели на 18 топчиња. Се развлекува секое, па се става кечап, сечена салама, рендан кашкавал и се преклопува како панцерота.
  5. Се премачкуваат краевите на тестото со матено јајце и се стискаат со вилушка.
  6. Се редат на подмачкан плех и се печат на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт