Совршен спој: Салата со кикиритки и пилешко

Совршен спој: Салата со кикиритки и пилешко

Направете брза и вкусна салата со кикиритки.

Состојки:

  • 600 гр. пилешко
  • 150 гр. солени печени кикиритки
  • 100 гр. сусам
  • 400 гр. мајонез
  • 2 мали павлаки
  • сол

Подготовка:

  1. Се вари пилешкото, се сече на парчиња и се трие со рацете додека не добиете конци од него.
  2. Се пржи сусамот на две лажици масло, додека кикиритките се толчат.
  3. Се ставаат потоа сите состојки во сад, се става сол, мајонез и павлака, се меша и лади.
  4. Декорирајте по избор.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство