Брза посна баклава – корите крцкаат, полна ореви

Брза посна баклава – корите крцкаат, полна ореви

Сите знаеме дека баклавата е една, но има и посна и вкусна варијанта.

Состојки:

  • 500 гр. готови кори
  • 500 гр. ореви
  • 500 гр. шеќер
  • 250 гр. посен маргарин
  • 200 мл. вода
  • + 500 мл. вода

Подготовка:

  1. Се вари први шербет со 400 грама шеќер и 500 милилитри вода.
  2. Се остава да зоврие, опционо може да ставите и лимон.
  3. Се загрева рерната на 150 степени и во сад се мешаат мелените ореви со 100 грама шеќер, па се делат корите на три дела.
  4. Се топи маргаринот.
  5. Се премачкува тепсија со маргарин и се става првата кора, се прска со маргарин и вода.
  6. Се прави така со сите кори, но на последната не се става, се ставаат ореви. Истото се повторува со останатите два дела од корите.
  7. Ако ви остане маргарин истурете го врз корите горе.
  8. Се сече баклавата и се пече не повеќе од еден час.
  9. Се става потоа сирупот.

 

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта