Чоколаден мозаик: Најкремастите коцки во кои ќе се заљубите

Чоколаден мозаик: Најкремастите коцки во кои ќе се заљубите

Ќе ве освои на прв залак…

Состојки:

  • 200 гр бело чоколадо
  • 200 гр млечно чоколадо
  • 400 мл кисела павлака (со 20% мллечна маст)
  • 2 дл слатка павлака
  • 10 гр желатин
  • 1 дл вода
  • 1/2 лажичка кафе
  • 100 гр бисквити

Начин на подготовка:

  1. Ставете желатин во ладна вода да набабри. Во два садови растопете бело и темно чоколадо, секое со 1 дл слатка павлака. Во растопеното чоколадо додајте желатин, и добро измешајте желатинот да се растопи.

     

  2. Во се уште топлото чоколадо додајте по 200 мл кисела павлака. Во темниот дел додајте кафе. На дно на мал калап наредете бисквити натопени во млеко.

     

  3. Ставајте наизменично бела и темна смеса. Ставете на неколку часа во фрижидер убаво да стегне.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед