Ќе ги правите почесто од оние со месо: Полнети посни пиперки со грав

Ќе ги правите почесто од оние со месо: Полнети посни пиперки со грав

Направете посен специјалитет со пиперки и грав.

Состојки:

  • 100 гр. сушени пиперки
  • 1 шолја грав
  • 1 кромид
  • 5-6 лажици масло
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1 лажиче нане
  • 1 лажиче сол

Подготовка:

  1. Се потопуваат пиперките во топла вода да омекнат, па по 20 минути се вадат.
  2. Се вари гравот додека не биде потполно готов.
  3. Се сече ситно кромидот и се динста на масло на оган. Се додава и црвен пипер.
  4. Се меша и се додава цедениот грав, па се ставаат зачини.
  5. Смесата се меша на рингла околу 2-3 минути.
  6. Се полнат пиперките и се редат во сад за печење со масло.
  7. Се става и горе малку масло.
  8. Се печат околу половина час на 180 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта