Сочна пита: Наместо фил ставете овошје од компот (Видео)

Сочна пита: Наместо фил ставете овошје од компот (Видео)

Лесно се прави, а сите ја обожаваат!

Состојки:

  • 8 тенки кори
  • 3-4 јајца
  • 50 мл масло
  • 150-200 гр шеќер
  • 4-5 лажици гриз
  • вода од компот
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 мл кисело млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте масло, гриз, прашок за печиво, ванила, кисело млеко, и сè добро измешајте. 
  2. Кората раширете ја на маса и малку намастете, ставете друга преку неа па премачкајте ја со фил, ставете трета кора и неа премачкајте ја со фил и четвртата кора премачкајте ја, а во дното по ширина наредете овошје. Свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролна, па ставете во намастен плех. 
  3. Така направете и со другата ролна. Со остатокот од филот премачкајте ги двете ролни и печете на 200 степени 40 минути. Сечете кога ќе се излади. Посипете со шеќер во прав.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед