Лесен и кремав ручек: Пилешко со павлака и тиквички

Лесен и кремав ручек: Пилешко со павлака и тиквички

Направете рецепт со тиквички и пилешко.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко
  • 1 тиквичка
  • 1 кисела павлака
  • 2 лажици сусам
  • 1 кромид
  • сол и бибер

 

Подготовка:

  1. Се сече месото на коцки и се ставаат зачини по желби.
  2. Се става на тава масло и се пржи сечениот лук, па месото.
  3. Се пржи околу десет минути и се додава тиквичката која се лупи и сече на коцки.
  4. Се крчка се 10 минути и од водата од тиквичката се омекнува и месото.
  5. Се става во сад павлака со сусам и се додава во тавата.
  6. Се меша, се крчка уште десетина минути и се е готово.

Добар апетит!