Деликатесен компир од фолија со кајмак

Деликатесен компир од фолија со кајмак

Направете вкусни компири во фолија со кајмак.

Состојки:

  • 4-5 компири
  • 2 чешни лук
  • 200 гр. путер
  • бибер, сол и вегета
  • 150 гр. кајмак

Подготовка:

  1. Се мијат и се лупат компирите, се сечат само од едната страна и се прави капаче, па се засекуваат.
  2. Се ставаат зачини на компирите и потоа се става и иситнет лук.
  3. Се става на секој компир кој се реди во плех и парче путер и се враќа делот од компирот кој сме го извадиле.
  4. Се виткаат компирите во фолија и се печат на 220 степени околу еден час, па се трга фолијата и се печат уште 25 минути.
  5. Се трга фолијата и капакот од компирот и се става лажица кајмак на секој компир.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб