Брзо и едноставно: Туна тост

Брзо и едноставно: Туна тост

Брз и едноставен оброк – готов за миг!

Состојки:

  • 1 пакување тост леб
  • 3 конзерви Тимко туна
  • 6-7 кисели краставички
  • 1 главица кромид
  • ротквица
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Со вилушка изгмечете ја туната во сад. Додајте ситно сечкани кисели краставички и кромид. 
  2. Посолете, побиберете и исцедете половина лимон. Сè добро измешајте за вкусовите да се соединат. 
  3. Со добиеното полнење премачкајте го тост лебот и преклопете. Ставете во фрижидер. Сендвичите исечете ги на триаголници пред послужување и послужете со ротквица.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт