Пица макарони – повкусни тестенини не сте пробале

Пица макарони – повкусни тестенини не сте пробале

Подгответе макарони на необичен начин…

Состојки:

  • 400 гр макарони во облик на полжави
  • 300 гр шунка Пекабеско
  • 300 гр кашкавал
  • 8 парчиња чадена сланина Пекабеско
  • кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во солена вода, исцедете и измијте ги со студена вода. Шунката и кашкавалот исечете ги на ситни коцки. 
  2. Додајте ги во макароните, посолете и ставете ги во подмачкан плех за печење. Додајте кечап и посипете со оригано. 
  3. Од горе изрендајте половина од преостанатиот кашкавал, наредете ги парчињата чадена сланина, па изрендајте го останатиот кашкавал. 
  4. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text