Медено пиле со компирчиња

Медено пиле со компирчиња

Вкусен ручек од евтини состојки…

Состојки:

  • 1 пиле
  • 2 помали лимони
  • 4 лажици мед
  • 1 лажица зачин
  • 1 дл масло
  • 1/2 кг компири
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пилето добро измијте го, исушете го и зачинете го. 
  2. Медот и исцедениот лимон измешајте ги, па со тоа премачкајте го пилето од надворешната страна. 
  3. Посолете и ставете го на тепсија, па прелијте го со масло. Печете околу 45 минути на 200 степени. 
  4. На половина од печењето ставете компири кои сте ги исечкале за помфрит и посолете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо