Брз превртен колач од јаболка: Ќе уживате во секој залак

Брз превртен колач од јаболка: Ќе уживате во секој залак

Подготовката е многу едноставна, а резултатот е фантастичен.

Состојки:

  • масло
  • 3/4 мала шолја шеќер
  • 1/4 мала шолја вода
  • 3 мали шолји јаболка исечкани на тенки парчиња
  • 1/4 мала шолја исечкани ореви

Состојки за кора:

  • 200 гр брашно
  • 1,5 лажичка прашок за печиво
  • 2/3 мали шолји шеќер
  • 3 лажици путер
  • 2 жолчки
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 шолја млеко
  • 3 белки

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени па намастете кружен калап за торта.
  2. Измешајте 3/4 шолја шеќер со 1/4 шолја вода и загрејте на умерено силен оган. Мешајте додека шеќерот не се растопи. Ставете во лим за печење.
  3. Преку тоа во круг наредете парчиња јаболка. Посипете со ореви и оставете на страна.
  4. Подгответе кора. Измешајте брашно, прашок за печиво и сол па измешајте.
  5. Со миксер разматете 2/3 шолји шеќер и путер. Додајте жолчки и ванила па измешајте. Измешајте брашно и млеко. Разматете ги белките и додајте ги во смесата за бисквит. Премачкајте преку јаболката и печете 35 минути.
  6. Кога колачот ќе биде готов, превртете го на чинија и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text