Мафини со сирење – брз појадок од кој ќе замириса цел стан

Мафини со сирење – брз појадок од кој ќе замириса цел стан

Направете вкусни погачи во калапи за мафини.

Состојки:

  • 2 јајца
  • ½ шолји млеко
  • 1 лажица кисело млеко
  • 150 гр. сирење
  • 1/3 шолји маргарин растопен
  • 1 лажиче сол
  • ½ лажички шеќер
  • прстофат куркума
  • 1 лажиче сув квасец
  • маргарин за премачкување
  • сусам за горе
  • брашно по потреба

Подготовка:

  1. Се мати едно цело јајце и една белка, а жолчката се остава за премачкување.
  2. Се додаваат во изматените јајца и млеко со кисело млеко, истопен маргарин и изронето сирење, сол и шеќер, куркума и сув квасец.
  3. Се меша и се додава брашно тип 450 колку да се замеси тесто. Нека надојде на топло и поделете го тестото на 6 дела, па секоја топка развлечете ја.
  4. Премачкајте ги со растопен маргарин и ставете ги една преку друга три кори, замотајте ролат.
  5. Исечете го на еднакви делови и ставете ги во намастени калапи.
  6. Премачкајте со жолчка и ставете сусам.
  7. Се печат на 180 степени додека не поруменат, околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

 

singlepost_text