Мека и сочна: Мирисна штрудла со џем и ореви

Мека и сочна: Мирисна штрудла со џем и ореви

Целото семејство ќе ужива во овој десерт.

Состојки:

  • 100 мл млеко
  • 15 гр квасец
  • малку масло
  • 200 гр шеќер
  • 350 гр брашно
  • 2 јајца
  • кора од лимон
  • 200 гр мелени ореви
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 лажица џем

Начин на подготовка:

  1. Квасецот потопете го во малку млака вода, додајте шеќер, кога ќе се растопи додајте јајце, млеко, масло и кора од лимон. Додајте брашно и сол и замесете глатко меко тесто. Оставете на топло покриено да нарасне. 
  2. Развлечете со сукало на дебелина од половина сантиметар па премачкајте со џем. Мелените ореви зашеќерете ги, додајте 2-5 лажици врело млеко, изедначете и со тоа премачкајте ја штрудлата. 
  3. Свиткајте штрудла. Оставете да нарасне па намачкајте со жолчка. Печете на 200 степени 35-40 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text