Мелено месо во капут од тесто: Специјалитет за целото семејство

Мелено месо во капут од тесто: Специјалитет за целото семејство

Вкусно јадење за празничната трпеза…

Состојки за тесто:

  • 20 гр квасец
  • 750 гр брашно
  • 5-6 дл вода

Состојки за фил:

  • 600 гр мелено месо
  • 2 јајца + 1 жолчка
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • на врв нож рендано мускатно оревче
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Квасецот ставете го во малку млака вода и оставете го да нарасне. Во брашното додајте нараснат квасец, лажичка сол и со топла вода замесете тесто. Тестото оставете го да отстои 20 минути. 
  2. Месото пржете го на загреано масло додека не ја промени бојата, зачинете го со мускатно оревче, сол и бибер. Тргнете од шпорет и во месото измешајте јајца. 
  3. Тестото растегнете го на дебелина од 1 см во облик на правоаголник, со нож исечете 3 рамни ленти за украсување. 
  4. Преку тестото, на средина, ставете фил, па свиткајте во облик на ролат. Ставете во сад за печење. 
  5. Горниот дел од тестото украсете го со ленти редејќи ги на крст. Разматете жолчка и лажица масло па премачкајте ја целата векна. 
  6. Печете 45 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо