Божиќен колач со суво овошје – се топи во уста

Божиќен колач со суво овошје – се топи во уста

Направете вкусен божиќен колач

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 300 гр. суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви…)
  • 100 гр. бадеми и ореви
  • 100 гр. кандирана овошна кора
  • 200 гр. маргарин
  • 200 мл. млеко
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 50 гр. мед
  • 50 мл. бренди
  • 1 лажица зачини ( кардамом, каранфилче и ванила)
  • 1 кесе квасец
  • малку сол

Подготовка:

  1. Се сече ситно сувото овошје и се прелива со брендито, па се остава така да впие неколку часа.
  2. Се загрева млекото и се ставаат 2-3 лажици брашно, мед и квасец и се остава да се активира.
  3. Се сее другото брашно и се додаваат сол и зачини. Се прави дупка на средина и се става млекото, па се додава исечениот маргарин и се меси да се добие меко тесто.
  4. Се додаваат исечените плодови суво овошје исцедени, па се остава тестото да нарасне.
  5. Кога ќе нарасне двојно се премесува и се прави колач кој се става на хартија за печење.
  6. Се остава уште еден час да нарасне.
  7. Се пече на загреана рерна на 180 степени додека не порумени, а кога е готов додека е топол се премачкува со растопен маргарин и шеќер во прав.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта