Паста со брокула

Паста со брокула

Лесно и едноставно јадење…

Состојки:

  • 2 варени јајца
  • тестенини по желба
  • 160 гр брокула
  • 160 гр млада боранија
  • 1 лажица песто сос
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица изрендан ѓумбир
  • 2 лажици сончогледови семки

Начин на подготовка:

  1. Во посолена вода згответе ги тестенините. После 5 минути додајте брокула и боранија и гответе додека тестенините не бидат готови. Процедете ги тестенините и зеленчукот, но сочувајте ја водата во која сте ги готвеле намирниците. 
  2. Зготвените состојки измешајте ги со песто сос, ѓумбир, масло и 4 лажици вода во која се готвеле состојките. 
  3. Послужете посипено со семки и со две половини јајце по порција.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки